Сирил Гане: Не стравувам од силата на Нгану

Привремениот шампион во тешка категорија, Сирил Ганe, не се плаши од бруталната моќ на Френсис Нгану. Тиеќе се борат за обединување на титулите во почетокот на 2022 година на УФЦ 270. Гане е миленик на обложувалниците и ова е нормално по се што покажа оваа година.

Сирил остана непоразен во кафезот и ја зголеми статистиката на 10-0 во ММА. Тој успеа да ги победи Розенструик, Волков и Дерик Луис. Сите го критикуваа Гане дека не е атрактивен, но им ја затвори устата откако во август го нокаутира Луис и ја освои титулата привремената титула.

Нгану и Сирил се поранешни соборци, тренираа со Фернанд Лопез во Франција.

„Не се плашам од моќта на Френсис Нгану. И Дерик Луис имаше голема сила. И Луис е ѕвер, но јас немав проблем. Силата на Френсис навистина не ме плаши. Борец во тешка категорија како мене, исто така може да удри силно. Навистина сум уверен. Ја имам мојата шанса.

Нгану ги има своите квалитети, неговите силни страни, а јас ги имам моите. Ќе видиме во јануари кој може да го направи подобар својот план за борба од оној на противникот. Се сеќавам на нашиот прв тренинг. Сфатив дека сака да удира силно. Нгану удира вистински.

На пример, дури и кога беше само спаринг, тој сакаше да удира многу силно. Секој знае каква е неговата сила. Го имам Фернанд Лопез. Тој беше негов тренер. Можеби ова ќе ми помогне. Понекогаш можете да најдете решение за силен противник ако сте многу брзи и паметни. Се надевам дека ќе успее“, изјави Гане за големата битка со тешка категорија.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON