Сирил Гане најави борба за септември против Том Аспинал

Привремениот шампион на УФЦ во тешка категорија Том Аспинал пред неколку дена за ММА час изјави дека Сирил Гане одбил борба.

„Ме одби неколку пати, а не сум ни првиот од која бега. Добив шанса да се борам со Павлович, бидејќи Гане не го сакаше мечот. Го избегнуваше Павлович, а потоа и Блејдес“, изјави Том Аспинал.

Но, изјавата на Англичанецот не помина под радар за францускиот борец, а тој му одговори на привремениот шампион на Х.

„Никогаш не сум одбил предизвик или противник“, изјави Сирил Гане, а потоа додаде:

„Блејдс никогаш не бил опција. Тие рекоа Сергеј Павлович, а јас одговорив во ред. Не грижи се, ќе се видиме во септември“.

Сирил Гане имаше три борби по поразот од Френсис Нгану во јануари 2022 година.

Осум месеци подоцна го победи Таи Туиваса со нокаут, а потоа во март минатата година во борбата за појасот на УФЦ загуби од Џон Џонс со завршница во првата рунда.

Во последната борба минатата година во септември го победи Сергеј Спивак со прекин во втората рунда.

Лани во ноември Том Аспинал го победи Сергеј Павлович со нокаут по 69 секунди и го освои појасот за привремен шампион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON