Сирил Гане му одговори на Џон Џонс: Не знам зошто зборуваш така, но ќе разговараме во кафезот

Џонс вчера изјави дека Тијаго Сантос е многу подобар на нозе од Гане, додека овој само се насмеа на тоа.

Сирил Гане викендов ќе добие уште една шанса да стане шампион во тешка категорија, а ќе го пречека и Џон Џонс во нова дивизија по тригодишна пауза. Во јануари минатата година Гане загуби во многу тесен меч за појасот од Френсис Нгану, а викендов му претстои уште еден предизвик.

Во изминатите неколку дена Џонс пишуваше секакви работи на социјалните мрежи. Едно нешто што најмногу се издвојува е секако изјавата дека Гане технички не е најдобриот кикбоксер со кој се борел Џонс, туку Тијаго Сантос. Во таа прилика изјави дека Сантос имал намера да го нокаутира со секој удар, а бил многу брз и експлозивен. Сето ова го насмеа Гане и му рече на Џонс дека ќе разговараат во кафезот:

„Не, навистина не ми е грижа што ќе каже. Човече, навистина не сум во оваа игра (валкан говор). Знам дека некои ликови понекогаш само сакаат да влезат во вашата глава. Но, тоа не ми е можно. Ќе го работам својот настап, ќе ја работам мојата работа, ќе се занимавам со мојот спорт – кој го сакам. Тоа е се што ќе направам“, изјави Гане за ТМЗ Спорт.

„Не знам зошто сака да зборува така. Но, човече, ќе го завршиме тоа. Не треба да зборуваш пријателе, ќе го направиме тоа во кафез. Тогаш се ќе се види“, додаде на крајот Гане.

Гане е навистина борец кој си ја врши работата во кафезот и не е познат по „валканото зборување“. Џонс нема да има лесна задача доколку сака да го земе појасот, бидејќи Гане за него е стилски доста баран противник, а е и физички силен, па ќе биде интересна вечер од сабота до недела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON