Сирил Гане истакнува дека Нгану е посилен од него, но порачува: Верувам дека некако ќе се снајдам

На почетокот на следната година, Френсис Нгану за првпат ја брани титулата во тешка категорија на УФЦ, која во март ја освои со нокаут во втората рунда против Стипе Миочиќ.

Камерунскиот удирач на 22 јануари на настанот УФЦ 270 ќе го брани шампионскиот појас против поранешниот клупски колега и соборец Сирил Гане.

Французинот на почетокот на август со прекин во третата рунда го совлада Дерик Луис и ја освои титулата привремен шампион со што стана прв предизвикувач. Гане верува дека Нгану расте од борба во борба.

„Порано Нгану не се држеше до тактиката, но откако замина во друга екипа сега изгледа многу подобро. Во секоја борба има план и ја контролира борбата. сега има своја тактика, се придржува до неа и најмногу напредуваше во тоа“, изјави Сирил Гане и ги спореди последниот противник Луис и шампионот Нгану:

„Веќе сум имал средби со такви борци, тој е сличен на Луис, а видовте како се борев против него. Но, Френсис Нгану е секако покомплетен борец. Знае нешто за борењето и е поопасен во борбите на партер. Тој е посилен од мене, но тоа нема да ми биде проблем, верувам дека некако ќе се снајдам“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON