Сирил Гане е подготвен за Џон Џонс, ако Нгану откаже

Фернанд Лопез откри дека Сирил Гане е подготвен да се бори со Џон Џонс доколку Френсис Нгану одбие да се бори. Пред една недела Гане го загуби статусот на непоразен откако Френсис Нгану го победи во Калифорнија. На оваа средба се виде дека „Бон Гамин“ има слабост, а тоа е борбата на партер.

Џон Џонс не беше импресиониран од она што го виде во борбата за титулата во тешка категорија. Коски рече дека ќе ги скрши и Нгану и Гане. Френсис ќе биде опериран и ќе отсуствува околу 9 месеци. Многу фанови предлагаат борба за привремената титула меѓу Џонс и Стипе Миочиќ.

Сепак, Лопез, кој е тренер на Гане, има друга идеја. Тој предложи Сирил Гане да се сретне со Џонс во тешка категорија ако Нгану не сака.

„Ако УФЦ го реши проблемот со Френсис, тогаш би сакале да се борат со Џон Џонс. Ова е битката што ја посакуваат сите. Јас сум реалист, Џон Џонс е број еден.

Ова е бизнис и така функционираат работите. Доколку тоа не се случи и УФЦ има проблем со Нгану, тогаш сме подготвени да се соочиме со Џон Џонс“, рече Лопез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON