Борецот кој според многумина прерано замина во пензија дефинитивно е Хабиб Нурмагомедов. Откако ја одбрани титулата против Џастин Гејџи за последен пат на крајот на 2020 година, Хабиб изјави дека без својот починат татко едноставно не сака повеќе да влезе во кафезот. Тие зборови ги испочитува до крај, по што се фрли во тренерски води.
Негов наследник во лесна категорија е и неговиот братучед, другар, кој исто така потекнува од фабриката за таленти на покојниот Абдулманап – Ислам Махачев. Вчера Хабиб раскажа интересна приказна за него, односно како Хабиб бил прашан од неговиот син дали може да се бори како Иислам:
„Кога се пензионирав, мојот син имаше само три години и ништо не разбираше. После толку години од моето пензионирање ме праша: „Тато, можеш ли да се бориш како Ислам Махачев“? Го прашав зошто ме прашува мене, а тој ми рече дека Ислам е голем борец и дека никогаш не ме видел да се борам така“, изјави Хабиб за ММА џанки.
„Му реков дека тоа е многу добро прашање. Што се однесува до него, јас лично не би сакал да стане професионален спортист, но ако избере тоа, што можам да направам? Јас само сакам да стане нормален човек, а професионалните спортисти не се нормални луѓе“, додаде тој.
Хабиб, како и Ислам во овој момент, никој не успеа да ја симне од тронот во лесна категорија во негово време. Денес, многумина го сметаат Ислам за покомплетен ММА борец со подобри удирачки вештини, но, сепак, веруваат дека тој не е доминантен во кафезот на начинот на кој беше Хабиб.