Вчера во хотел „Лимак“, се одржа редовното Собрание на МОК на кои беа членовите на Собранието, олимписките Национални спортски федерации и истакнатите македонски спортски имиња.
На почетокот на Собранието, претседателот на МОК, М-р Даниел Димевски му врачи Златна плакета на МОК на Шабан Сејдиу, Олимписки великан, носител на два бронзени медали и учесник на 4 (четири) летни Олимписки игри.
Потоа беа избрани работните тела и беа усвоени записникот од минатото собрание, дневниот ред на Собранието како и извештаите за работа, финансискиот и ревизорскиот извештај, извештајот за финансиска контрола од УЈП и од страна на ИОК, како и извештаите од Комисиите.
Претседателот на МОК, М-р Даниел Димевски даде информација за новите партнери на МОК, а тоа се хотелот Лимак и шпанскиот производител на спортска опрема ЈОМА, кој ќе ги опреми најдобрите македонски спортисти кои ќе учествуват на Европските игри Краков 2023, зимските младински олимписки игри Гангвон 2024 како и летните Олимписки игри Париз 2024.
Претседателот Димевски даде информација и за блиската комуникација со претседателите на Меѓународните спортски федерации од кои е побарана помош за Националните спортски федерации. На Собранието беше даден извештај за Европските игри Краков 2023, летните Олимписки игри ПАРИЗ 2024, за новата веб страна на МОК како и новиот проект на МОК, ЗЛАТЕН ДЕНАР ЗА ЗЛАТЕН МЕДАЛ НА МАКЕДОНСКИТЕ СПОРТИСТИ.
Во одбрана на претставниците на Националните спортски федерации, Претседателот на МОК, М-р Даниел Димевски истакна дека секогаш ќе ги брани интересите на МОК и на Националните спортски федерации како највисоки Олимписки и спортски невладини институции, ќе ја брани тешката и макотрпна работа на МОК и на Националните спортски федерации и истите ќе ги штити од секакви бескрупулозни и лажни напади во однос на позитивните активности, како што е, пред се, ваучерскиот систем. Националните спортски федерации во еден глас се заблагодарија на Претседателот на МОК, М-р Даниел Димевски за неговата несебична помош кој тој лично ја дава во однос на финансиската и логистичка помош за развојот на македонскиот спорт и подобрување на спортските резултати на најдобрите македонски спортисти.
На крајот, имајќи во предвид дека следното Собрание е изборно, беа избрани и членови на Изборната кандидациона комисија на МОК.