Сингапур и Саудиска Арабија со понуди за Џошуа-Фјури

Шансите најголемата борба во историјата на британскиот бокс да се одржи на домашната сцена стануваат сè помали.

Вчера, Велика Британија ги заостри ограничувањата за ширење на Ковид-19, што значи дека недостатокот на љубители на спортски настани ќе продолжи уште подолго време.

Така, веројатноста големата борба меѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури да се случи надвор од Велика Британија станува уште поголема. Ова го потврди промоторот на Џошуа – Еди Херн.

Според него, фаворит за домаќин на мечот останува Блискиот Исток, поточно Саудиска Арабија. Во последниве денови, сепак, пристигнаа нови понуди од други егзотични земји.

Без да даде детали, Херн за британските медиуми изјави дека Катар, Дубаи и Кина исто така покажуваат сериозен интерес, а во последните неколку дена примамлива понуда е добиена од Сингапур.

„Дури и пред сегашната ситуација, немавме гаранција дека првата битка ќе се одржи во Велика Британија“, рече Херн.

„Немаше начин да добиеме дозвола да го наполниме Вембли на крајот на мај, а сега тоа изгледа уште поневозможно“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON