Симона Заборска е во финалето на карате турнирот во борби во категоријата до 55 килограм на Универзијадата во Загреб и Ријека, Хрватска, а Сара Радичевска (-55 кг) ќе се бори за бронзениот медал.
До финалето Заборска извојува три победи и златниот медал ќе се бори утре, а Сара за бронзениот.
Да потсетиме дека вчера на 3.Европски универзитетски игри женската екипа во борби го освои бронзениот медал.
Нашите студенти настапуваат за Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.
Ipon.mk/В. Д.