Симона Заборска и Јасин Реџелари во 10-те најдобри спортисти на Скопје!

Janeva-i-Sokolovski-najdobri-mladi-sportisti-na-SKopje-za-2014-4-615x400

Oлимпиец Антонио Ристевски е прогласен за најдобар спортист на Град Скопје за 2014 година. Настапите на Зимските олимписки игри во Сочи му го донесоа ова признание на најдобриот македонски скијач.

Simona zaborska-sportist na gradotМеѓу десетте најдобри спортисти се каратистката Симона Заборска и борачот Јасин Реџелари. Покрај нив, признание добија и Игор Стефановски – Иџе, но и ракометарите Стојанче Стоилов, Ренато Вугринец и Јулија Николиќ, пливачите Евгениј Поп Ацев и Томи Стефановски, фудбалерот на ВардарЈасир Асани. Додека посебни признанија добија карате клубот „Цветан Димов“ и боречкиот клуб „Тефејус“.

„Покрај вложувањата на Град Скопје во врвниот спорт, во рамките на нашите можности ќе продолжиме со поддршката и со вложувањата во нашата база и иднина, средношколскиот спорт кој изминативе години направи очигледен напредок и пробив, според планираното и според ветеното. За тоа, секако говорат и резултатите и масовноста, но и успесите кои нашите средношколци, со огромно залагање на своите професори, во континуитет ги постигнаа и ќе ги постигнуваат на гостувањата во збратимените градови – Ниш, Загреб, Белград, Софија, Љубљана“ – истакна на денешната манифестација градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Jasin Redzelari

Државните шампиони во куглање Александар Соколовски и Мери Јанева, пак, се прогласени за најдобри млади спортисти на Скопје за изминатата 2014 година. На Соколовски и Јавева на манифестацијата им беа доделени признанија, плакети и парична награда во износ од по 7.000 денари (согласно Критериумите на Сојузот на спортови на Скопје).

Иднината на клубот
Иднината на клубот

Од останатите категории, ЖРК Вардар беше прогласена за најдобра екипа, додека во категоријата најдобри тренери во екипна и во поединечна конкуренција признанијата ги понесоа Индира Кастратовиќ (ЖРК Вардар) и Иван Лесевски (скијање). Најдобар странски спортист во Македонија е ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров.

Посебни признанија за својата исклучителна спортска активност понесоа и кошаркарската школа „Јуниор баскет“,.Признанија добија и ултармаратонецот Јовица Јованчев како и Ристо Фотевски како спортист со инвадилитет. За подвизи на годината беа избрани уривањето на „Гинисовиот рекорд“ во туркање на автомобил од страна на Александар Смилков и Александар Чекоров, како и искачувањето на врвот К2 од страна на Здравко Дејановиќ.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON