Забраната за професионални боксерски мечеви во Норвешка е укината.
Тоа значи дека најдобрата натпреварувачка кај жените, Сесилија Брекхус, конечно ќе може да победи во својата татковина. Таа веќе има закажано средба за 1 октомври во осло.
„Најпосле“, – вели Брекхус која држи четири од светските титули во полусредна категорија и додава: „Возбудена сум што ќе се борам во мојата земја Норвешка“.
Професионалниот бокс во Норвешка беше забранет од 1981-та година. Тамошните натпреварувачи беа принудени да се борат во странство.
Досега се продадени 7.500 билети за шоуто од вкупно 10.000.
https://youtu.be/wobXz5nBrFY