Силвестер Сталоне кој ја играше улогата на легендарниот Роки, всушност, има и одредено искуство во боксот.
Сталоне бил промотор во средината на 80-тите и има значаен придонес за учеството на Шугар Реј Леонард во боксерското риалити The Contender во 2005 година.
Во следново видео Сталоне го изнесува своето мислење за претстојната средба меѓу Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор, која според Колин Каухрд ќе се одржи во септември.
Сталоне тврди дека Мек Грегор би го нокаутирал Мејведер, ако се борат по правилата на мешаните боречки вештини, но нема шанси во еден бокс меч каков што скаат да биде овој.
„Навистина верувам дека Конор Мек Грегор е добар борец. Тој е одличен борец во својата област. Мејведер … тој ќе се соочи со обвиненија за убиство. Тоа дури и не би било чесно. Тој е толку добар така што тоа ќе биде масакр. Да се борат во ММА, ситуацијата би била обртна. Видовте што се случи во натпреварот меѓу Ронда и Холи Холм. Мислам дека Ронда би победила да ја играше својата игра, но кога ќе се спротовставите на специјалностите на друго лице, тогаш ќе ве масакрираат“, вели Сталоне.
https://youtu.be/V5RKB6TrZ-w