Досега се пријавени девет држави за учество на големиот џиу џицу турнир „Скопје опен 2015“, и тоа: Германија, Словенија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Финска, Босна и Херцеговина, Република Српска и Македонија.
Според претседателот на Македонската џиу џица федерација, Александар Ацевски, до петок се очекуваат уште пријави и се очекуваат околу 200 натпреварувачи од деца до сениори.
Во исто време ќе се одржи и плеј-оф финалниот турнир на Јадранската лига, која се одржува по пети пат. Во плеј-офот ќе настапат: Сај-Србија, АДК Марибор, Република Српска и Ниф Алексинац.
Сите борби се во сениорска конкуренција. Се очекуваат квалитетни борби, бидејќи се борат за петата шампионска титула на Јадранската лига.
Ќе бидат прогласени најдобар борец кај мажите, исто така и кај жените, потоа најдобар младинец и најдобра екипа, а ќе има пехар и за фер-олеј тим.
За турнирот е обезбедена најмодерна техника од Словенија. Натпреварите ќе почнат во сабота во 10 часот во салата „Македонско сонце“ во ОУ „11 Октомври“. Финалните борби во Јадранската лига ќе почнат во 15 часот.
Химната на Македонија ќе ја исполни детски хор од основно училиште од Драчево.
ipon.mk/В.Д.