Холивудскиот акционен херој, Арнолд Шварценегер, го навлече гневот на милиони мајки во светот.
Овие денови Терминатор се виде со поранешниот светски шампион во супертешка категорија, Владимир Кличко, кој во моментов се подготвува за реваншот наесен со Тајсон Фјури.
На денот за одмор на тренинг камп во Тирол, Влад беше посетен од сопругата – актерката Хајден Пенетир. Таа донела и ќеркичката Каја-Евдокија, која е година ипол. Заедно со нив беше и Шварценегер, седумкратниот Мистер Олимпија во бодибилдинг и поранешен гувернер на Калифорнија, кој е добар пријател на Кличко.
За време на заедничките слики на двајца од најсилни мажи во светот, Шварценегер на шега приближува пура кон устата на малата Каја-Евдокија. По фацата на девојчето изгледа дека не била пресреќна од подарокот на чичко Арни.