Шугар Шејн Мосли го нокаутираше Рикардо Мајорга

mosli majorga nokaut

Американецот Шугар Шејн Мосли го нокаутираше Никарагванецот Рикардо Мајорга во 6-тата рунда во Ингалуд, Калифорнија. Шугар Шејн Мосли (43), поранешен светски шампион во три различни категории, го нокаутираше 41-годишниот Рикардо Мајорга со удар во телото кон крајот на шестата рунда. Пред седум се бореа, но и тогаш Мосли го нокаутираше Мајорга во последната, 12-та рунда.

 Шугар Шејн Мосли, кој има на професионалниот ринг 48 победи, од кои 40 со нокаут, 9 порази и 1 нерешен меч, не боксирал од ноември 2013 година. Рикардо Мајорга, нарекуван „Матадор“, е поранешен светски шампион во две категории.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON