Што правиме погрешно? Френсис Нгану е шокиран од хонорарот на Логан Пол

Шампионот во тешка категорија на УФЦ, Фрeнсис Нгану изјави дека Логан Пол заработил неверојатни 20 милиони долари од борбата со ветеранот во боксот Флојд Мејведер. „Предаторот“ е во шок и се прашува зошто платата во УФЦ е толку различна.

Нгану заработи 730.000 долари во борбата со Стипе Миочиќ, од кого ја зеде титулата во март. Инфлуенсерот Пол, сега боксер, заработи 20 милиони во само осум рунди во ревијална борба со Мејведер.

Точната сума што Мејведер и Пол ќе ја споделат зависи од купените платени гледања, но во секој случај тоа ќе биде многу повеќе отколку што заработуваат доживотно повеќето ММА борци.

„Лудо е да се види како Логан Пол (0-1) заработи 20 милиони долари само од демонстративен боксерски меч.

Што правиме погрешно?“

Иако УФЦ расте експоненцијално, ниската плата на борците отсекогаш била предмет на критики.

По борбата помеѓу Мејведер и Пол, уште еден УФЦ-борец, Џес Ронсон, се придружи на огорченоста на Нгану.

„Значи, Логан заработи 20 милиони, а Флојд 100 милиони за тоа. Што и да беше. Не е ни чудо што моите колеги во компанијата се жалат на нивната плата. Тоа е толку лошо. И самата организација заработува толку многу. Не е чесно”.

Дана Вајт може да почувствува дека ќе мора да ги зголеми хонорарите на своите борци, и веројатно изгледа вака, токму сега:

https://twitter.com/adammazander/status/1401750418422706179?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1401750418422706179%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fcdn.embedly.com%2Fwidgets%2Fmedia.html%3Ftype%3Dtext2Fhtmlkey%3Dcb7145f1731b4c328f8e4d2201854ceaschema%3Dtwitterurl%3Dhttps3A%2F%2Ftwitter.com%2Fadammazander%2Fstatus%2F1401750418422706179image%3Dhttps3A%2F%2Fabs.twimg.com%2Ferrors%2Flogo46x38.png

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON