Штипјанецот Мирза Сендиќ против големата ММА надеж на Црна Гора Димитрије Џанкиќ

 

 Штипјанецот Мирза Сендиќ на 16 јуни ќе настапи на ММА настанот МФЦ 7 во Бар, Црна Гора.

Сендиќ во категоријата -77 килограми ќе ги одмери силите со најголемата ММА надеж на Црна Гора, Димитирје Џанкиќ. Младиот Црногорец кој има 22 години е со импресивен скор од 4-1, а една од победите е над Хрватот Лука Чурковиќ.

,,За противникот знам дека има одлично борење и џиу џицу и дека е поискусен од мене, односно има 4 победи и еден пораз. Сепак, на мене тоа ми дава уште повеќе мотивација за да ги покажам своите квалитети и борбеност. Противникот го сметат за најголема ММА надеж во Црна Гора, со оглед на бројот на победи и борби што ги е имал во споредба со неговите години. Направив повеќе од одлични подготовки и имам голема самодоверба дека ќе пронајдам начин како да излезам како победник од борбата. Нема да ми пречи борбата да се одвива и на земја, во клинч или бокс/кик бокс дистанца, бидејќи сметам дека сум комплетен борец.Сакам да се заблагодарам на сите спаринг партнери кои ми помогна околу подготовките за оваа битка, односно на Дарко Јорданов, Дејан Петриќ, Дарко Рунчев, Далибор Огнанов, Мики Николов, Боби Коцев, Иван Трајчев, Петар Воденски и тренерите Борче Пачемски, Дејан Богданов, Гордан Николов и Мартин Михајлов“, изјави Мирза Сендиќ.

 Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON