Поранешниот шампион во средна категорија на УФЦ, Шон Стрикленд, објави дека е следниот противник на Дрикус ду Плесис, кој минатиот викенд го победи Израел Адесања за да го одбрани појасот.
Но, неговиот план може да биде уништен од УФЦ доколку реши да му даде шанса на шампионот во полутешка категорија, Алекс Переира. Стрикленд ја прокоментира можната пресметка на двајцата актуелни шампиони.
„Полутешкаш што пристигна од средната дивизија, откако се навикна на таа тежинска категорија, самата помисла да се врати звучи мизерно“, изјави Шон Стрикленд, а потоа продолжи:
„Мислам дека Алекс треба да се бори со него во категоријата до 93 килограми секој ден од неделата. Но, сега има голема борба против Халил Раунтри“.
Алекс Переира во октомври треба да ја брани титулата во полутешка категорија против Халил Раунтри.
Тоа ќе биде трета борба во категоријата до 93 килограми за Бразилецот, кој своевремено беше шампион на УФЦ во средна категорија.
Стрикленд смета дека враќањето во средна категорија не би било добро за Переира.
„Се сеќавам дека го видов Алекс во соблекувалната пред неговата последна борба во средна категорија – изгледаше како смрт. Отидов да се поздравам со него и му реков: Човеку, тоа не е добро за тебе“, нагласи Шон Стрикленд.