Шон Стрикленд повика на реванш со Дрикус Ду Плесис.
Изминатиов викенд Ду Плесис ја одбрани титулата со победата над Израел Адесања. Ова се случи на настанот УФЦ 305 во Перт, Австралија. Ду Плесис го заврши Адесања во 4. рунда, по што Шон стана активен на социјалните мрежи. Американскиот ветеран сака реванш во Лас Вегас, но е подготвен да замине и во Јужна Африка.
Пред гала вечерта во Перт, Дана Вајт рече дека ќе одат во Јужна Африка доколку Ду Плесис го победи Адесања. На Дрикус тоа му успеа, па сосема е веројатно дека УФЦ ќе замине во неговата татковина во 2025 година. претходно годинава во Канада Ду Плесис забележа победа со поделена одлука над Стрикленд.
Оттогаш, Шон не престана да бара реванш, а Дана го поддржа и рече дека Стрикленд е следен.
„Време е за војна, Холанѓанец. Секогаш патувам. Дозволете ми да се борам во мојата земја во Лас Вегас. Освен ако не сакате да ја поправам Јужна Африка. Можеби ќе одиме во Африка и ќе се борам пред толпа белци“, напиша Стрикленд на социјалните мрежи.
View this post on Instagram