Поранешниот светски шампион во полусредна категорија, Шон Портер (31-4-1) ја заврши кариерата. Американецот, кој на моменти ги држеше појасите на ИБФ и ВБЦ, ова го најави веднаш по поразот од Теренс Крафорд (38-0).
34-годишниот боксер се обиде да се врати на врвот во дивизијата и да му го нанесе првиот пораз на неприкосновениот број 1. Сепак, Крафорд го нокаутира противникот во 10. рунда, што се покажа како последен меч во кариерата на Шоутајм.
„Подготвен сум да се пензионирам. Бев подготвен да го направам тоа вечерва, без разлика дали победив, загубив или завршив нерешено. Да немаше победник денеска имавме одреден термин за уште еден меч, но ќе го откажев. Затоа најавувам крај на кариерата“, изјави Портер.
Тој додаде дека му е благодарен на Андре Ворд кој го видел како победник од мечот со Крафорд пред да стигне до нокаут.
„Тој е еден од луѓето кои многу ги почитувам. Му благодарам за оценката“, додаде Шоутајм.