„Ментално непоразениот“ Шон О’Мели одби повторно да се сретне 15-от на ранг-листата на УФЦ – Марлон Вера.
Ова го изјави Еквадорецот, кој во август минатата година му го нанесе првиот пораз во кариерата на О’Мели. Тие се бореа во август, а Јужноамериканецот го заспа противникот уште во првата рунда.
Marlon Vera with a HUGE upset TKO over Sean O’Malley after an apparent injury!
Was it an early stoppage? 🤔
Vera (+225) ✅, by KO/TKO (+950) ✅#UFC252 https://t.co/yOOQh1T5hm
— SportsBettingDime (@SBD) August 16, 2020
На почетокот на оваа недела, 28-годишниот Вера беше прашан зошто не му се ребаншира на Американецот, но според него, оваа понуда Шон веќе ја одбил.
He declined. I got offered, said yes and silence from him. https://t.co/6UqN371M2a
— C H🖕🏽T O🇪🇨V E R A (@chitoveraUFC) April 11, 2021
„Тој одби. Одговорив „да “на понудата, но од него немаше одговор“, напиша Чито на Твитер.
По победата над О’Мели, Вера не успеа да го продолжи победничкиот од и загуби од Жозе Алдо во следниот меч. 26-годишниот Американец го направи токму спротивното, совладувајќи го Томас Алмеида во март, со што се врати на патот на победите.
Се чини дека интересот на Шуга е насочен кон поранешниот шампион во неговата дивизија – Пјотр Јан. Шон му понуди на Русинот борба во текот на летото, но „Бесмислениот“ не беше особено импресиониран од понудата.
Are you high again Shaun? https://t.co/1dTG4DoA51
— Petr “No Mercy” Yan (@PetrYanUFC) April 14, 2021