ММА борецот Шон О’Мели се надева дека ќе се врати во кафезот во мај на УФЦ 274 во неговата родна држава Аризона. Тој потврди дека се додека е здрав планира да се врати на оваа гала вечер. Во неговата последна борба на УФЦ 269 тој се здоби со повреда на раката. На овој меч тој со ТКО го совлада Раулијан Паива.
„Мислам дека ќе се борам со Педро Муњоз, но ќе видиме. Морам да бидам сигурен дека повторно ќе можам целосно да тренирам и се чувствувам добро“, изјави екстравагантниот ММА борец во стрим на Твич.
УФЦ 274 ќе се одржи на 7 мај. О’Мели загуби еден во шеснаесет професионални натпревари. Тој е во серија од три последователни победи и се наоѓа на 12. место на ранг листата во петел категорија. Муњоз е во серија од два последователни порази, но тие доаѓаат од којбило. Бразилецот со судиска одлука загуби од поранешните шампиони на УФЦ, Доминик Круз и Жозе Алдо. Тој е девети на ранг-листата и има победи над имиња како Коди Гарбрант, Џими Ривера, Роб Фонт, Брет Џонс.