Шон О’Мели, шампионот на УФЦ во бантам категорија, е познат по тоа што во медиумите ги напаѓа противниците. Овој пат 29-годишниот борец го нападна Мераб Двалшивили, кој најверојатно е следен противник за него. Американецот би сакал да се бори со Двалишвили во септември на УФЦ 306 во Сферата.
„Шеќер“ верува дека ќе ја одбрани титулата со нокаут во втората рунда. Мераб уживаше да го задева шампионот на УФЦ во бантам категорија со разни исмејувачки видеа. О’Мели не го обврза и реши да му даде дел од сопствениот лек.
О’Мели објави видео на X платформата на кое на потсмев симулира борба со Грузиецот.
„Ќе го нокаутирам Мераб Двалишвили во втората рунда“, напиша О’Мели.
I’ll ko merab in 2 pic.twitter.com/usXHQyNEqS
— Sean O'Malley (@SugaSeanMMA) July 2, 2024