Шон Брејди го победи Леон Едвардс со завршница во 4. рунда на настанот на УФЦ во Лондон

Во главниот меч на настанот УФЦ Фајт најт 255, кој се одржа во лондонската О2 арена, Шон Брејди го победи Англичанецот Леон Едвардс.

Американскиот борец со убедлив настап и завршница (гилотина гушење) во четвртата рунда го победи поранешниот шампион во полусредна категорија, тоа беше негова трета победа во низа.

Брејди единствениот пораз во кариерата го претрпе во октомври 2022 година од актуелниот шампион Белал Мухамед, кој во јули минатата година беше подобар од Едвардс во борбата за титулата.

Во конасловната борба Карлос Улберг стигна до осмата победа во низа и 12-та во кариерата. Новозеландецот со едногласна одлука го победи 42-годишниот Полјак Јан Блахович.

Осум години помладиот Улберг во многу тесен меч го совлада поранешниот шампион во полутешка категорија, кому тоа му беше прва борба по 20-месечна пауза.

Тоа беше трет пораз за Блахович во последните пет борби и втор по ред по поразот од Алекс Переира во јули 2023 година.

Американскиот борец Кевин Холанд со едногласна одлука го победи исландскиот мајстор за граплинг Гунар Нелсон, кој се врати во октагонот по речиси две години пауза.

Бразилката Алексија Тајнара беше многу убедлива против Моли МекКан, а во првата рунда со принуда (задушување од позади) ја заврши Англичанката. По четвртиот пораз во последните пет меча, Моли објави крај на кариерата.

Убедлив беше и Крис Данкан, кој со завршница (гилотина гушењењ) во втората рунда го совлада Јордан Вучениќ.

Домашниот борец Натаниел Вуд доминираше во првата борба од главниот дел од програмата. Со убедлив настап Лондончанецот со едногласна одлука на судиите го совлада Французинот Морган Шариер.

Резултати од настанот УФЦ Фајт најт 255:

Шон Брејди – Леон Едвардс – завршница (гушење со гилотина), Р4 (1:39)
Карлос Улберг – Јан Блачович – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Кевин Холанд – Гунар Нелсон – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Алексија Тајнара – Моли МекКен – завршница (гушење од зади), Р1 (4:32)
Крис Данкан – Јордан Вучениќ – завршница (гушење со гилотина), Р2 (3:42)
Натаниел Вуд – Морган Шариер – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)

Воведни борби:

Крис Падила – Џаи Херберт – поделена одлука (29–28, 28–29, 29–28)
Лонер Кавана – Фелипе дос Сантос – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Марчин Тибура – Мик Паркин – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Кристијан Лерој Данкан – Андреј Пулјаев – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–26)
Шауна Банон – Пуја Томар – завршница (армбар), Р2 (3:22)
Каолан Лофран – Нејтан Флечер – поделена одлука (29–28, 29–28, 28–29)
Кауе Фернандез – Гурам Кутателадѕе – едногласна одлука на судиите (30–27, 30–27, 30–27).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON