Шон Брејди доминираше во победата над Жилберт Барнс, па го прозва Иан Мачадо Гари

Шон Брејди (17-1) покажа дека припаѓа меѓу елитните борци во полусредната категорија на УФЦ, откако доминираше од првиот до последниот свиреж против својот поранешен предизвикувач.

Американскиот борец со едногласна одлука (50-45, 49-46, 50-45) го победи Бразилецот Жилберт Барнс (22-8) во главната борба на настанот УФЦ Фајт нјајт 242 во Лас Вегас.

Планот на Брејди од самиот почеток беше да го притиска противникот Барнс, што го правеше во текот на целата борба и го туркаше Барнс до оградата, кој главно се бранеше.

По убедливата победа побара следен противник да му биде некој од Топ 5 или непоразениот ирски борец Јан Мачадо Гари, кој неодамна го победи Мајкл Пејџ.

За Брејди ова беше најголемата победа во кариерата и втора по ред по поразот од актуелниот шампион Белал Мухамед. Во меѓувреме го победи Келвин Гастелум со завршница (кимура).

За поранешниот предизвикувач за титулата, Барнс, тоа е трет пораз во низа (Белал Мухамед, Џек Дела Мадалена и Шон Брејди), а четврти во последните шест меча.

Во конасловната борба Наталија Силва беше убедлива против Џесика Андрада и победи со едногласна одлука на судиите (30–27, 30–27, 30–27). Нивниот меч беше избран за борба на вечерта.

За издвојување е триумфот на Стив Гарсија, кој со прекин во првата рунда прекин го совлада Кајл Нелсон, додека Коди Дурден со завршница (нинџа задушување) во втората рунда го совлада Мет Шнел.

Резултати од настанот УФЦ Фајт најт 242:

Шон Брејди – Жилберт Барнс – едногласна одлука (50–45, 50–45, 49–46)
Наталија Силва – Џесика Андраде – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Стив Гарсија – Кајл Нелсон – ТКО (лакти и удари), Р1 (3:59)
Коди Дурден – Мет Шнел – завршница (нинџа гушење),Р 2 (0:29)
Јанал Ашмуз – Тревор Пик – едногласна одлука (30–27, 29–28, 29–28)

Воведни борби:

Крис Падила – Ронг Жу – ТКО (прекин од лекар), Р2 (4:14)
Исак Дулгаријан – Брендон Марот – завршница (гушење со рачен триаголник), Р2 (4:19)
Андре Лима – Фелипе дос Сантос – едногласна одлука (30–27, 29–28, 29–28)
Габриел Сантос – Ји Жа – едногласна одлука (30–26, 30–26, 30–27)
Жаклин Аморим – Ванеса Демопулос – завршница (лост), Р1 (3:28)
Андре Петроски – Дилан Будка – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Нејтан Флечер – Жигимантас Рамашка – завршница (гушење рачентриаголник) Р2 (1:14).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО