Шок во Србија; Поранешниот борец на УФЦ Бојан Михајловиќ е застрелан со два куршуми, лекарите се борат за неговиот живот

Шокантна вест доаѓа од Србија, поточно од Оџаци. Како што наведуваат многу од најпознатите српски медиуми (Б92, Блиц, Курир…), Бојан Михајловиќ бил застрелан на протестите во Оџаци. Пензионираниот српски борец кој своевремено настапуваше во УФЦ, според Курир, бил застрелан со два истрела во стомакот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Српските медиуми пишуваат дека лекарите во моментов се борат за животот на 44-годишниот Бојан Михајловиќ. Според неофицијални информации, во пензионираниот борец пукал Миша Милетиќ, водачот на протестот, а тоа го направил откако се расправал со Бранко Бабиќ. Бабиќ видеото од тепачката го објави на Инстаграм, Мишетиќ отишол дома да земе оружје, а кога се вратил дошло до пукање.

„Драги пријатели, вечерва во Оџаци мојот пријател беше ранет со два куршуми од водачот на студентските протести. Ова е војна. И запомнете, нема да заврши вака“, рече Бранко Бабиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ratkovcanin (@ratkovcanin)

Во текот на својата ММА кариера, Бојан Михајловиќ забележа 16 професионални настапи. Забележа 10 победи и шест порази, а три пати настапуваше под покровителство на УФЦ. Противници му беа Френсис Нгану, Јоаким Кристенсе и Абдул-Керим Едилов, а Михајловиќ ги загуби сите три меча со прекин. После тоа, тој не се врати на арената.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON