Шок во ИОК поради погубувањето на иранскиот борач: Ова е вознемирувачко…

Не помогнаа ниту барањата на спортисти од целиот свет …

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) е шокиран од егзекуцијата на иранскиот борач Навид Афкари (27), кој беше осуден на две смртни казни за убиство на редари на антивладини протести во 2018 година во Шираз, Иран.

„Погубувањето на борачот Навид Афкари е многу тажна вест, ИОК е шокиран“, објави спортската организација.

Претседателот на ИОК, Томас Бах оваа недела преку писмо до врховниот поглавар и иранскиот претседател побара милост за Навид Афкари, почитувајќи го суверенитетот на Исламската Република Иран.

„Длабоко вознемирувачки е што молбите на спортистите од целиот свет и сите обиди на МОК заедно со Иранската боречка федерација и Меѓународната федерација за борење, не ја постигнаа својата цел. Нашите мисли се со семејството и пријателите на Навид Афкари”, се вели во соопштението на МОК.

Навид Афкари беше осуден на смрт за наводното убиство на редар во Шираз за време на летните протести во 2018. Сепак, постоеја сомневања дека Афкари бил измачуван за да даде лажно признание. Според активистите за човекови права, успешниот борач само протестирал мирно, додека неговиот адвокат тврди дека нема докази за неговата вина.

Минатата недела, Меѓународната здружение на спортисти (ВПА), кое обединува над 85.000 спортисти, повика на исфрлање на Иран од светскиот спорт, доколку тамошните власти го погубат Афкари.

„Ужасниот чин на егзекуција на спортисти може да се смета како отфрлање на хуманитарните вредности што ги поддржува спортот“, рече директорот на ВПА, Брендан Шваб.

„Затоа Иран треба да го изгуби правото да биде дел од универзалната спортска заедница“, додаде Шваб.

Иранското судство ги негираше обвинувањата за тортура.

„Афкари уби невин човек со нож и призна пред судот. Судот изрече смртна казна врз основа на цврсти докази, а Врховниот суд ја потврди таквата пресуда”, се вели во соопштението на судот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON