Шогун: Пред секоја борба семејството се однесува како да одам на бесилка

Маурицио Руа откри дека е под постојан притисок од семејството да се пензионира.

И покрај со 35 години не е престар, поранешниот УФЦ шампион и победник за Големата награда на Прајд учествуваше во безброј тешки борби.

„Кога ќе дојде денот и сфаќам дека не е добро, ќе бидам првиот кој нема да сака повеќе да се бори. Би престанал да се борбам за да го зачувувам моето здравје, но мајка ми Клементина и сопругата Рената постојано притискаат да престанам“, изјави Бразилецот.

„Тие многу не го разбираат овој спорт. Не сфаќаат дека постојат правила и ограничувања, лекари. Тие секој пат мислат дека одам на бесилка. Така, навистина ме притискаат, но не го прават тоа секој ден, бидејќи тоа навистина ме иритира“.

Шогун планира да продолжи со она што досега го работеше и што му го донесе легендарниот статус меѓу љубителите и познавачите на спортот.

„Го разбирам нивиот став, затоа што овој спорт е агресивен, контактен. Имав многу повреди, но тоа е неизбежно за ММА борците. Но, додека можам добро да тренирам и да имам добри рефлекси ќе продолжам да се борам“.

На крајот на септември се враќа во Јапонија за да се обиде да му се реваншира на Овинс Сент Про за последниот пораз во 2014 година. Во првата борба Хаитанецот го нокаутира за само 34 секунди. По што, забележа три победи.

„Му се посреќи да ме удри. Тогаш не знаев многу за него. Денес знам, ги знам неговите предности, неговите оружја и да го знаев тоа претходно немаше толку да се отворам. Тоа е разликата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON