Александар Шлеменко (52-9-1NC) е победник на настанот за Гран при наградата на М-1 во средна категорија.
Во финалето одржано на М-1 челинџ 68 во Санкт Петербург, Бурата со гилотина во третата рунда го победи Вјачеслав Василевски (27-4). Шлеменко и во претходната борба го победи Василевски. Во февруари славеше со мнозинска одлука на судиите.
Александар Волков (26-6) ја задржа титулата во тешка категорија нокаутирајќи го во средината на првата рунда Словакот Атила Вег (07.02.29).