Руските ММА борци Александар Шлеменко и Магомед Исмаилов потпишаа договор за меѓусебен дуел.
Битката ќе се одржи во руската организација РЦЦ/ RCC. Борбата од пет рунди ќе се одржи во август во Екатеринбург и ќе го предводи РЦЦ 12. Борците исто така учествуваат во реално шоу кое во формат ќе наликува на Ултимејт фајтер на УФЦ.
Последниот меч Исмаилов го имаше со Нигериецот Оланревају Дуродола. Битката траеше четири рунди и заврши со победа на Исмаилов со едногласна одлука (40-36, 40-36, 40-36).
Вкупно Исмаилов има 17 победи во ММА, претрпе три порази, а една битка заврши нерешено.
Последната борба со Артур Хусеинов Александар Шлеменко ја водеше во октомври минатата година на турнирот Игл ГЦ, победјувајќи го со едногласна одлука.
View this post on Instagram