Анамарија Георгиевска ќе го носи знамето на Македонија на младинските Олмписки игри во Буенос Аирес од 6 до 18 октомври на кои ќе настапат уште петмина наши спортисти (за спортисти од 14 до 18 години), ќе ја предводи шефот на делегацијата, спортскиот директор, Владимир Богоевски.
Богоевски верува во нашите спортисти, особено во оние кои обезбедија настап на ОИ со А-норма.„Ние на сите спортисти им обезбедивме по 1.500 долари за подготовки изминативе три месеци и мислам дека сите се доволно добро подготвени за предизвикот. Други предвидувања не би искажувал. Лично би кажал дека имаме тројца спортисти со врвни резултати и секако дека повторно би очекувал голем резултат од нив“, изјави Богоевски.
На денешната прес-конференцијата во Скопје пред утрешното заминување за Буенос Аирес, знаменосецот, теквондистката Анамарија Георгиевска, порача дека во Аргентина патува по медал. Иако порезервирани, и каратистот и џудистотн Фатик Весели и Хамза Јашари најавија дека ќе се вклучат во борбата за медали. Тие на МОИ одат со исполнуванета норма, како и Георгиевска која вајлд-картата ја замени со норма на СП, освојувајќи го бронзениот медал, додека другите се учесници со вајлд-карта.
Во екипата на Македонија ќе има 13 луѓе, од кои шестмина спортисти кои ќе настапат во шест спорта, а, секако, доминираат боречките спортови, од кои се очекува и медал, како на Медитеранските игри во Тарагона, Шпанија.
На овие Олмписките игри за млади ќе учествуваат вкупно околу 4.000 спортисти од над 200 земји.
Тaеквондо – Анамарија Георгиевска (спортист), Борче Костовски (тренер).
Карате – Фаик Весели (спортист), Александар Кузмановски (тренер).
Џудо – Хамза Јашари (спортист), Игор Паскоски (тренер).
Борење – Драган Велинов (спортист), Суфијан Исмаили (тренер).
Пливање – Миа Крстевска (спортист), Јане Карајованов (тренер).
Атлетика – Берат Мустафа (спортист), Беџет Точи (тренер).
Ipon.mk