Шестмина од седумте борци на Д’Стронгест кои во саботата настапија во Гостивар на „WMO World MMA Organisaton”, извојуваа победи и тоа сите со завршница.
Настанот „WMO World MMA Organisaton” што се одржа во Гостиварсе смета за најквалитетен ММА турнир организиран во Македонија, на кој настапија борци од Србија, Босна, Косово, Албанија, Азербејџан и Македонија.
Тренерот на најдобриот македонски ММА клуб Д’Стронгест, Ивица Алексовски Ивица вели дека неговите пулени доминирале на овој врвен настан.
„Првата победа ја донесе младиот и надежен борец Марко Петровски кои со зафат т.н. со давење од позади (RNC) уште во првата рунда го заврши својот настап со првата победа за тимот.
Теодор Стојковски во втората рунда го принуди својот противник да ја предаде борбата и со технички нокаут ја заврши борбата.
Пред неколку месеци во Кичево се одржа ММА турнир и на овој турнир нашиот Михаил Поповиќ се бореше со борец од Гостивар каде што судиите одлучија борбата да заврши нерешено. На во Гостивар Михаил во реваншот беше доминантен и го заврши мечот уште во првата рунда со зафат RNC.
Во своето ММА деби, Виктор Лазов, исто така во првата рунда ја заврши средбата откако неговиот противник ја предаде борбата по серија на рачни удари кои ги зададе Виктор од позиција со која добро го контролираше својот противник.
Следен беше борецот од Д’ Стронгест Аеродром, Дино Старчевиќ кој под водство на својот тренер Бојан Христовски ја заврши борбата во првата рунда со зафата (гилотина).
Најдобриот македонски ММА борец Стефан Пецевски во својот профи настап се бореше против борец од Србија и го заврши за неполна минута со технички нокаут (по серија на рачни удари, противникот ја предаде борбата).
Само гостинот од Азербејџан, Хидает Мамадов кој ја прифати борбата пред само неколку дена, загуби. Хидает по серија на зафати кои не успеа да ги реализира, во позиција на „back control” младиот борец од Гостивар, зададе неколку рачни удари и судијата ја прекина борбата“, објасни Алексовски кој е презадоволен од своите борци, од нивнот настап, од прикажаното.
Како што вели тој: „Повеќето во салата позитивно се изненадија од мајсториите на овие млади и надежни спортисти и се надеваме во понатамошниот период ќе ги гледаме на врвните светски ММА турнири“.