Шест медали за Осенсеи на Меѓународен џиу џицу турнир „Скопје опен 2023“

Вчера на 12.Меѓународен џиу џицу турнир „Скопје опен 2023“ натпреварувачите на Осенсеи од Штип се закитија со 6 медали – 2 златни, 2 сребрени и 2 бронзени.

Медалите ги освоија

1.Станислав Грпов – 1 место
2.Андреј Апостолов – 1 место
3.Јован Шишков – 2 место
4.Матеј Нофитов – 2 и 3 место
5.Јован Николиски – 3 место

Екипата ја предводеше Христијан Јованов со помош на Данил Николиски и Ева Димитрова.

На турнирот настапија 290 учесници од Словенија, Србија, Црна Гора, Турција, Германија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Австрија и за прв пат натпреварувачи од Грција.

Натпреварите беа во три дисциплини во детски и во возрасни категории, во машка и женска конкуренција:

  1. Борби
  2. Дуо-систем – презентација на техники за самоодбрана
  3. Неваза – бразилска џиу-џица

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON