Вчера борачките на „7 Мај“ постигнаа добри резултати освојувајќи шест медали на првиот Меѓународен турнир „Бојан Рангелов“ во Скопје, кој беше во орагнизација на БК Вардар 1961.
Освојувачи на медали:
48 кг Анабела Стојаноска – бронзен медал
49 кг Ангела Трајкоска – бронзен медал
49 кг Марија Велјаноска – бронзен медал
55 кг Елена Дејкоска – сребрен медал
60 кг Тамара Цветкоска – бронзен медал
64 кг Јована Мидоска – бронзен медал
Антонијо Цветаноски со одлични борби не успеја да освои медал .
„И по летната пауза што ја имаше клубот, пак се постигнаа добри резултати“, велат од клубот и додадават декаа екипата беше предводена од новите тренерите Филип Јованоски ,Теодора Димеска и Елена Најдоска.