Шест медали за бодибилдинг и фитнес репрезентацијата на Балканското првенство (ФОТО)

Македонската бодибилдинг и фитнес репрезентација го постигна својот надобар успех до сега на балканските првенства. На 28.Балканското првенство што се одржа во Крф, Грција, со 8 натпреварувачи Македонија освои 6 медали – 2 златни, 2 сребра и 2 бронзи.

Двајца натпреварувачи влегоа во финалните борби, но, за жал, останаа без медал.

Медалите ги освоија:

1.Мери Акиевска од Магнус тимот – златен медал.

2.Мартин Манасиевски од Магнис тимот – бронза

3.Ивица Јанев од Магнус тимот – злато

4.Ѓорги Божинов од Магнус тимот – бронза

5.Драган Стојчевски од Џим тајм- сребро

6.Даница Анастасиевиќ Кристенсен од Проект фит- сребро

7.Кристијам Манасиевски од Магнус тимот не освои медал.

8.Ибрахим Врановци, 5- то место, Атлета 2003 Скопје

„Најмладиот учесник, Ѓорѓи Божинов од Магнус тимот на првиот балкански настап го освои бронзениот медал во категоријата физик јуниори. Мартин Манасиевски кој го освои бронзениот медал на Европското првенство, видливо изморен и овде застана на третата позиција. Со сребрен медал се закитија највозрасните членови на репрезентацијата, Драган Стојчевски, како дебитант во категоријата физик ветерани и искусната Даница Анастасиевиќ Кристенсен во категоријата боди-фитнес ветерани. Сепак, грчките организатори мораа на два пати да ја интонираат македонската химна. За тоа се погрижија со дебитантите Ивица Јанев во категоријата физик класик и Мери Акиевска во категоријата велнес фитнес. Тие доминираа во силната конкуренција, што дополнително сите не направи горди во моментот на прогласувањата“, изјави претседателот на Бодибилдинг и фитнес федрацијата Бобан Ѓороски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON