Шеро Мамутовски се претстави во одлично светло на Меѓународниот турнир „Петровград куп“ во Зрењанин, Србија, освојувајќи го првото место во категоријата до 38 килограми.
Мамутовски во полуфиналето на неофицијалните борби совлада боксер од Србија, а во финалето се сретна со нашиот Петар Арсовски и беше подобар.
И двајцата боксери навестуваат убава иднина на македонскиот бокс, но претстои тешка и напорно работа.
Ipon.mk