Еди Шерифовски (-81 кг) загубо со ипон од Мухамед Коч од Турција во првото коло на Европското првенство за сениори во Подгорица – Црна Гора.
За жал, Коч не оствари резултат кој ќе го повлечеше Шерифовски во репасажот.
Во финалето во оваа категорија ќе се сретнат Грузиецот Тато Григалоашвили и Тимур Арбузов под знамето на ИЏФ (вака настапуваат џудистите од Русија и Белорусија.
Утре Никола Павловски во категоријата до 100 кг ќе ги одмери силите со Александар Кукољ од Србија, кој е еден од фаворитите за медал.
На Европското првенство за сениори настапуваат 414 натпреварувачи од 47 земји.