Рускиот шампион на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, специјализиараниот портал Шердог/ Sherdog го призна за најдобар борец на планетата. Зад него останаа Американците Џон Џонсон и Хенри Сехудо.
Рејтингот на десетте најдобри борци е објавен на сајтот Sherdog. Џонсон го зазеде второто место, а Сехудо третото. Во групата на петмината најдобри се и Хрватот Стипе Миочиќ и Американецот Даниел Кормиее.
Тони Фергусон, предизвикувачот на Хабиб на 19 април за титулата шампион во лесна категорија, исто така е меѓу 10 најсилни според ова издание.