Сисе го освои првото олимписко злато во историјата на Брегот на Слоновата Коска

Salah Sise prv

Таеквондистот Шеик Салах Сисе му го донесе првото олимписко злато во историјата на Брегот на Слоновата Коска.

22-годишниот африкански шампион Сисе ја освои титулата на Игрите во Рио де Жанеиро во категоријата до 80 килограми по победата со 8-6 во финалето над Британецот Лутало Мухамед.

За Мухамед тоа беше второ олимписко одличје по бронзата во Лондон 2012.

Со бронзен медал се закити европскиот првак Милад Бејги Харчегани (Азербејџан) победувајќи го натурализираниот Иранец, Полјакот Пјотр Пазински 12-0.

Со втората бронза се закити 20-годишниот Усама Уеслати од Тунис, кој убедливо со 14-5 го победи Американец Стивен Лопез.

Лопез (37 г.) е олимписки првак од Синдеј 2000 и Атина 2004 и бронзен медалист од Пекинг 2008 година. Во својата кариера има и шест титули, но овој пат остана без награда.

– 80 кг – мажи

1.Шеик Салах Сисе (Брегот на Слоновата Коска)

2.Лутало Мухамед (Велика Британија)

3.Усама Уеслати (Тунис)

3.Милад Бејги Харчегани (Азербејџан)

Korekajata O

Корејката О Хе-ри ја освои шампионката титула во категоријата до 67 килограми на олимпискиот турнир во таеквондо.

О Хе-ри во финалето ја победи водачката на ранг листата Аби Ниаре од Франција со 12-12.

Корејката немашеосвоено ниту ден поен во првата рунда, но во втората забележа серија од удари во главата.

О неодамна се натпреваруваше во потешка категорија, каде што е светска шампионка.

Таа стана третата Корејка со олимписко злато во категоријата до 67 кг по Ли Сунг во Сиднеј 2000 и Хван Кон-сеон (Пекинг 2008 и Лондон 2012).

Бронзените медали и припаднаа на Нур Татар од Турција и Рут Гбагбо од Брегот на Слоновата Коска. Татар беше подобра од Чуан Чиа-чиа од Тајван со 7-3, а Гбагбо ја победи Фарид Азизова од Азербејџан со 7-1.

– 67 кг – жени

1.О Хе-ри (Република Кореја)

2.Аби Ниаре (Франција)

3.Нур Татар (Турција)

3.Рут Гбагбо (Брегот на Слоновата Коска)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON