Камерунскиот удирач Френсис Нгану имаше две борби минатата година. Во март загуби боксерски меч со нокаут во втората рунда од Ентони Џошуа, а во октомври го победи Ренан Фереира во ММА борба.
По убедливиот настап во суперборбата на ПФЛ, каде со нокаут во првата рунда го победи Бразилецот, Нгану најави дека покрај натпреварите во ММА ќе продолжи и да боксира.
Шефот на ПФЛ Дон Дејвис неодамна го откри планот на Френсис Нгану за продолжување на кариерата и верува дека ќе има една борба во бокс и една во ММА.
„Мислам дека ќе има две борби во 2025 година, една во бокс и една во ММА, а редоследот по кој ќе се случат зависи од противниците. Верувам дека ќе чека добра прилика“, рече Дон Дејвис и продолжи:
„Ние размислуваме слично. Тоа е неговиот план и ние го поддржуваме во тоа. Но, јас велам, Нгану ќе одлучи дали сака прво да боксира или да прави ММА борба“.