Претседателот на Меѓународната боксерска олимписка асоцијација (АИБА) Чин-Куо Ву о понеделникот ќе решава за судбината петмината судии кои беа отстранети од олимпискиот турнир во Рио поради лошо судење.
Бригадата, која стана позната по прекарот Величенствената седморка, беше изненадувачки отстранета. Во исто време беше избркан и извршниот директор на АИБА, Карим Бузид.
Ву на средбата ги повика петмината потпретседатели заедно со уште неколку шефови на олимпискиот бокс. Тие треба да размислат и да понудат опција за контрола на судиите, за да можат да обелат репутацијата на организацијата.
Средбата ќе се одржи во Лозана.
https://youtu.be/k3m33ow-hYg