Додека нашите борачи одат на подготовки во Бугарија, европскиот шампион доаѓа на прпреми во Скопје за квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Рио, во Истанбул-Турција, за две недели.
Сигне Сторе, која е најдобра борачка во Норвешка, е европски шампион, а два пати била трета и два пати 5-та на континенталните собири, деновиве се подготвува во Скопје.
Таа тренира со нашите борачи Јасин Реџелари и Ертан Реџепи, под водство на нејзиниот тренер Ќазим Реџепи.
„Се надеваме дека без проблем ќе обезбеди норма за Олимпијадата во Рио ова лето“, велат нашите истакнати борачи.
Тие нагалсуваат дека Скопје и е едно од најомилените места каде што сака да се подготвува, затоа што има одлични услови за подготовки во БК Лирија и добро е пречекана.
Ipon.mk/В. Д.