Шарабутдин Магомедов со неверојатен нокаут над Армен Петросјан

Шарабутдин Магомедов остана непоразен во ММА.

Ѕвездата од Дагестан се врати во кафезот на УФЦ и на неверојатен начин го нокаутира Армен Петросјан. Двајцата се борeа во првата борба од главната карта на настанот УФЦ 308 кој се одржува во Абу Даби. Борбата беше во средна категорија.

Магомедов се мачеше во борбата, но сепак успеа да најде начин до победата. Сè заврши во втората рунда кога Шара со двоен удар од вретење во главата го нокаутира Петросјан. Борбата заврши во последните секунди од рундата.

Победата е 15-та за Шара во ММА и четврта во УФЦ. Петросјан влегува во серија од 2 порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО