Шампионот ја откри тајната на силниот удар (ВИДЕО)

Шампионот во полутешка категорија на ВБЦ и ИБФ, Артур Бетербиев (16-0-0, 16 КО), на социјалните мрежи раскажа за „тајната“ на неговата тешка рака.

„Често прашувате како да научите да удирате силно. И не знам како да ти одговорам. Бидејќи не постои една магична вежба што може да го направи силниот удар.

Но, денес, кога ја правев вежбата со чекан, помислив дека всушност го правам тоа на необичен начин.

Околу 18 години, еднаш неделно удирам со чук, но не со прекини, туку 30 минути без да застанам. Според мое мислење, оваа вежба дефинитивно има добар ефект врз силата на ударот“, напиша Бетербиев во својот Инстаграм.

Се очекува Русинот да се врати во рингот наесен во обединувачки меч против шампионот на ВБО, Џо Смит Jуниор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON