Светскиот шампион на УФЦ Алџамејн Стерлинг вклучи тешка артилерија во психолошката војна со Петар Јан. Тие ќе се борат овој викенд во долгоочекуваниот реванш на УФЦ 273 во Џексонвил, Флорида.
Со цел да го испровоцира предизвикувачот, Стерлинг на социјалните мрежи објави фотографија на која го држи украинското знаме. Тој е опкружен од неговиот тим, изразувајќи поддршка за Украина и позиција против руската агресија на нејзина територија. Шампионот на овој начин ќе се обиде да привлече дополнителна поддршка за мечот со Русинот в недела, рано наутро.
Сепак, се чини дека самиот Јан не е се потресе од неговите постапки. Тој веќе објави фотографија на која пишува „Не за војна“, на која јасно се гледа неговиот став на оваа тема. Коментирајќи го нападот на Стерлинг, Русинот рече:
„Тој се обидува да ги направи работите политички, со ова знаме и со се останато. Знам дека не сакаше да ме пушти во САД, но јас сум тука. И бидејќи е исплашен, ги пробува овие игри. Но, кога ќе влеземе во кафезот, се за него ќе биде готово. Ќе го убијам и тоа е тоа“.
Интересно, на Јан сè уште не му е јасно на кого ќе се потпре во својот агол за мечот. Неговиот тим не доби визи за влез во САД. Русинот побара од Хенри Сехудо и Шон О’Мели да се приклучат. Првично потврдија дека ќе бидат во неговиот агол, но потоа постепено одбија.