Шампионот на УФЦ во перо категорија, Александар Волкановски, ќе биде официјална замена на мечот Чарлс Оливеира – Ислам Махачев на УФЦ 280, во случај некој да се откаже од борбата. Ова синоќа го објави Волкановски.
Гала вечерта е закажана за 22 октомври во Абу Даби.
Бразилецот и Русинот ќе се борат за испразнетата титула во лесна категорија, но во случај на повреда или други непредвидени околности кои ќе ја спречат борбата да се случи, австралискиот борец со македoнско потекло ќе биде подготвен да скокне во оган.
Во понеделникот, Волкановски рече дека добил дозвола од ортопед да се врати на тренинзите и спарингот, откако Алекс си ја скрши раката на мечот со Макс Холовеј во текот на летото.
„Луѓето на УФЦ се договорија јас да бидам првата резерва во Абу Даби. Ќе бидам во категорија и ќе се радувам на тоа“, изјави шампионот во пониската категорија.
Не е првпат Волкановски да ги истакне своите амбиции да се искачи во категоријата до 70 килограми и да добие шанса за шампионска титула, каде што посакува борба со Конор Мек Грегор.