БИСЕРКА ТУШЕВСКА ВИРОЛИ, своевремено најдобра македонска каратистка, помладите генерации не ја паметат но таа беше без компромисна спортистка на бившите југословенски простори. Многу рано стана интернационален спортист, како многу млада почна во Студент, а потоа многу бргу почна да настапува за клубот Књаз Милош од Аранѓеловац, Србија, со кој освои две светски титули, односно беа најдобри во европа и светот.
Сите сакаа да ги гледаат борбите на Тушевска која имаше беспрекорен удар со нога, а силен колку на маж. Ќе останат запаметени нејзините борби во Македонската лига со Габриела Симоновиќ, Лирија Исмаили, Небојка Стефановиќ.
Сега таа живее и работи во Франција.
Другарството со тренерот на Макпетрол Бошко Заборски не престана во ниеден момент, така да сега во моментов Бисерка е во салата на Макпетрол каде што се разменуваат искуства за тренинг програмите кои се користат во нашиот најтрофеен македонски клуб, и начинот на кој работат Француските репрезентативци.
Женскиот тим на Макпетрол имаше еднонеделен подготвителен период со нашата интернационална спортистка, се разменија искуства за начинот и примената на борбени техники, на сениорскиот тим.
Бисера сака оваа соработка да ја продлабочи со организирање на заеднички кампови на реномирани француски клубови од Монпеље и пошироко.
Во разговор со Бисерка, таа никажа дека времето и моментот кога била врвна спортистка, Карате клубот Макпетрол само што се формирал, судбината не посака да бидам тогаш дел од овој колектив, меѓутоа условите кои сега ги има клубот се извонредни. Клубот располага со врвни тренери и пристапот и примената на тренинзите се базира на најнови методи за работа во секојдневните тренинг програмижто се користат во најмодерните карате тимови.
„За време на моето присуство забележав дека во клубот се работи професионално, а тоа многу ме израдува, впрочем, не е случајно тоа што Макпетрол е најуспешен македонски клуб на сите времиња. Клуб со најголем број на освоени медали и од сите видови на првенства и натпревари“, рече Тушевска.