Најуспешен клуб на Националното кик бокс првенство кое вчера се одржа во Скопје во организација на Кик бокс маи таи федерацијата е Шампион од Скопје, со освоени 22 златни, 9 сребрени и 12 бронзени медали.
Потоа следат Гладијатор-Скопје (19-6-11) и Тим Зоран (12-6-6).
Учество земаа 29 клубови со 378 натпреварувачи со вкупно 458 настапи во сите дисциплини, од кои 366 мажи и 92 жени.
Од Федерацијата велат дека кикбоксот покажал дека е најмасовен и национален спорт бр.1 во нашата земја.
Сите резултати може да ги видите ТУКА