Првата квадрилогија во историјата на УФЦ се случи синоќа кога Дејвсон Фигуередо се бореше против Брендон Морено за титулата во мува категорија. Двајцата се сретнаа во октагонот на главниот настан на УФЦ 283 во Рио де Жанеиро, Бразил.
Тие имаа 1-1-1 пред оваа борба и Морено стави крај на ривалството. Тој го врати појасот по третата рунда кога докторот покрај кафезот ја прекина борбата поради отеченото око на Фигуередо од ударот на Морено.
Морено, кој е роден во Мексико, не доби поддршка од бразилската публика во арената Хуенесе. Големи свирежи се слеваа кон „Бебето убиец“ по победата додека разговараше со коментаторот на УФЦ Даниел Кормиер.
А кога Морено го напушти кафезот беше принуден да трча кон излезот, одејќи зад сцената го чуваа припадници на обезбедувањето.
Од трибините се фрлаа пијалоци и други предмети насочени кон Морено и како што можете да видите од следното видео:
Fans in Brazil tried to hit Brandon Moreno with random things as he left the cage pic.twitter.com/lXRLr0vRNl
— Bloody Elbow (@BloodyElbow) January 22, 2023