Шампион дивеел низ воз и се тепал со патници (ВИДЕО)

На рускиот шампион во борба со рака, Артем Тарасов ќе му се суди за хулиганство, откако се степал со друг патник во возот кој патувал од Москва за Санкт Петербург. 30-годишниот борец беше приведен на железничката станица во Санкт Петербург.

Според законот, максималната казна за таква повреда е пет години затвор. Заедно со Тарасов, приведен е и неговиот пријател Никита Солонин. И двајцата беиле во алкохолизрана состојба.

Тие направија непристојни забелешки и ги навредуваа другите патници во возот. Според сведоците, во ходникот на возот Артем Тарасов удрил еден од патниците во лицето.

Тарасов е потпретседател на Северозападната самбо федерација на Русија, шампион во Санкт Петербург во борено самбо, судија од национална категорија во борбено самбо и лиценциран судија на Руската ММА федерација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON